Болен од коронавирус во Крагуевац нападнал медицински лица ЗА ДА ИЗБЕГА ОД БОЛНИЦА И ДА СЛАВИ РОДЕНДЕН

28.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Болен од коронавирус во Крагуевац нападнал медицински лица ЗА ДА ИЗБЕГА ОД БОЛНИЦА И ДА СЛАВИ РОДЕНДЕН

Пациент заразен со коронавирус, сместен во Клиниката за инфективни болести во Крагуевац, синоќа ги нападнал лекарите и војниците затоа што сакал да излезе за да го прослави роденденот.

Според медиумите во Србија 47-годишниот Саша В. најверојатно заразил пет лица кои се обиделе да го задржат.

Тој е обвинет за намерно ширење на вирусот и му се заканува  казна од 12 години затвор. По нападот, е ставен во домашна изолација со полициска придружба.

Според извори блиски до истрагата, Саша пред некое време побарал помош на Инфективната клиника во Крагуевац, бидејќи се сомневал дека е заразен со коронавирус.

После тестирањето, било утврдено дека е позитивен на вирусот и бил ставен во карантин. Сепак, во вторникот, еден ден пред неговиот роденден, тој решил да се врати дома и да организира забава“ вели интервјуираното лице..

За среќа, бил запрен од двајца медицински техничари кои носат заштитна опрема.

Болничарите се обидоа да го спречат да ја напушти болницата, но бидејќи Саша е голем и многу силен, тој лесно ги турна. Еден од нив дури и ја искина маската и му го изгреба лицето. Потоа, тој продолжи студено кон излезот, удирајќи во друг лекар. Во целата бркотница се вклучиле и војници кои ја обезбедувале болницата кои го совладале и го држеле додека не дојде полиција.“ додава изворот

Извор: Курир.рс

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата