Земјите од Г-20 ќе вложат 5.000 милијарди долари за спас на светската економија

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Земјите од Г-20 ќе вложат 5.000 милијарди долари за спас на светската економија

Земјите од Г20 решија за спас на глобалната економија од пандемијата на коронавирусот да инвестираат 5.000 милијарди долари. Веста беше објавена по одржаната видео-конференција.

„Невидената пандемија на коронавирусот е моќен потсетник за нашата меѓусебна поврзаност и ранливост. Овој вирус не почитува граници. Борбата против пандемијата бара транспарентен, силен и добро координиран одговор, базиран на наука и со дух на солидарност. Ние сме многу посветени да покажеме обединување против оваа заедничка закана”, се вели во официјалото соопштение на Г20.

Земји во групата Г20 се Аргентина, Бразил, Кина, Германија, Индонезија, Јапонија, Австралија, Канада, Франција, Италија, Индија, Мексико, Јужна Кореја, Русија, Турција, САД, Јужна Африка, Саудиска Арабија, Велика Британија и Европската унија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата