Директорот на СЗО за Европа: Охрабрувачки сигнали во борбата против коронавирусот

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Директорот на СЗО за Европа: Охрабрувачки сигнали во борбата против коронавирусот

Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, изјави дека се забележуваат охрабрувачки знаци во борбата против коронавирусот, откако Италија бележи пониска стапка на новозаразени.

„Иако ситуацијата и понатаму е многу сериозна, почнуваме да забележуваме охрабрувачки сигнали. Италија, која има најголем број случаи, забележа нешто пониска стапка на пораст на бројот на нови случаи. Иако сè уште е рано да се каже дека епидемијата во таа земја го доживува врвот“, рекол Клуге.

СЗО објави дека во Европа има пријавено повеќе од 220.000 случаи и 11.987 смртни случаи.

Тоа значи дека глобално, отприлика шест од 10 случаи и седум од 10 смртни случаи се во Европа, со оглед на тоа дека во светот се заболени 470.000 лица.

Клуге предупредил дека владите мора да бидат свесни за новата реалност и да се подготват за долготрајни последици.

„Ова нема да биде спринт, туку маратон“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата