Тенискиот великан Роџер Федерер објави дека донирал еден милион франци за да им помогне на најсиромашните семејства во Швајцарија за време на коронавирусот.
Ова, како што напиша Роџер во објавата на „Инстаграм“, е само почеток на неговиот придонес за помагање во борбата против тешкиот непријател што ја води Швајцарија, како и сите земји во светот.
View this post on InstagramA post shared by Roger Federer (@rogerfederer) on
„Мирка и јас решивме да донираме еден милион франци за најзагрозените семејства во Швајцарија. Нашиот придонес е само почеток“, порача најтрофејниот гренд слем играч во историјата и испрати порака на охрабрување до својот народ:
„Никој не смее да остане сам во ова тешко време, се надевам дека другите ќе се придружат во помошта на семејствата на кои им е најпотребна. Заедно ќе ја надминеме оваа криза! Останете здрави“, напиша Федерер.
извор: Makfax