Зошто е РАЗЛИЧЕН БРОЈОТ ЗАРАЗЕНИ КАЈ ЖАН МИТРЕВ И НА ИНФЕКТИВНА

20.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зошто е РАЗЛИЧЕН БРОЈОТ ЗАРАЗЕНИ КАЈ ЖАН МИТРЕВ И НА ИНФЕКТИВНА

Се појави првиот индикатор дека власта крие случаи на заболени од вирусот „Ковид 19“. Додека приватната клиника Жан Митрев масовно во еден ден открива нови случаи, државните клиники откриваат само мал дел.

Во изминатите 24 часа на клиниката „Жан Митрев“ позитивни на тестот се покажале 17 пациенти, кои денеска треба да ги потврди Инфективната клиника во Скопје. Во исто време, на државната клиника до овој момент биле откриени само 3 нови случаи.

Ова јасно укажува дека јавното здравство намерно не спроведува тестирања, за бројката да биде мала. Граѓаните кои не добиле тестирање, самоиницијативно одат на приватната клиника за да се тестираат и така се откриваат новите случаи.

Се отвора прашањето зошто граѓаните се одлучуваат да бидат тестирани на приватно, ако се знае дека приватните болници немаат инфективни одделенија, а тестираните ќе мора дополнително да се потврдуваат на Клиниката за инфективни волести и дали со ова се крие вистинскиот број на заболени?

Се повеќе граѓани кои имаат сипмптоми на корона вирус, откриваат дека седат заглавени во своите домови со висока температура, кашлица и треска, а од центарот за здравје им велат да се јават само ако развијат посериозни симптоми.

Прецизен одговор какво влошување треба да има лицето за да му бидат земени брисеви за корона вирус нема. Па оттука граѓаните се одлучуваат тоа да го направат приватно.

Во Скопје, според информациите има најмалку 100 луѓе под карантин, од кои голем дел веќе и развиле симптоми, а сеуште никој не дошол да ги прегледа. Во сведоштво до редакцијата на „А1.Он“ се обратило лице кое е во карантин трет ден, по контакт со еден од заразените од корона вирус.

-Вртам 15 минути на телефонските линии, беше зафатено. Кога конечно ги добив и им кажав дека сум бил во контакт со заболен, а ги имам сите симптоми на вирусот, ми рекоа да останам дома и да се јавам само ако развијам посериозни симптоми. Ги замолив да дојдат да ми земат барем брисеви, бидејќи сепак живеам дома со постари родители кои се хронично болни. Јас немам како да излезам од дома бидејќи сум во карантин, а во Центарот ми рекоа дека тоа ќе го сторат само ако има влошување на ситуацијата, изјавил пациентот.

Но, каде тие луѓе да пријават со кого се имаат гледано последните неколку дена кога никој не ги контактра?

Министерот за здравство најави дека од понеделник ќе треба да почнат со работа пунктови за тестирање во рамки на Здравствениот дом во Скопје за да се опфатат поголем број граѓани.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата