Двајцата големи уметници ќе почиваат еден до друг

20.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двајцата големи уметници ќе почиваат еден до друг

Легендарниот српски пејач, Шабан Шаулиќ, кој што трагично настрада во сообраќајна несреќа ќе биде погребан во Алеата на заслужени граѓани и ќе почива покрај големиот глумец Небојша Глоговац.

Директорот на погребалното претпријатие откри дека Шаулиќ кој што ја одбележа народната музика и воопшто српската култура ќе биде погребан пограј големиот уметник Небојша Глоговац, како и дека се чека одлуката на семејството околу самоиот погреб.

Имено, погребувањето во Алеата го одобрува протоколарната служба на београдскиот градоначалник и е регулирано со градска Одлука за одржување и погребување. На ова место можат да бидат погребани носителите со највисоки одлики на Република Србија, академци и почесни граѓани на Белград.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата