Тројца повредени со сообраќајка на патот Миладиновци – Штип

29.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тројца повредени со сообраќајка на патот Миладиновци – Штип

Вчера во 15 часот било пријавено дека на патот Миладиновци–Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „опел вектра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(41) од Струмица и „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Р.М.(60) од с.Дабиле-Струмичко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Р.М., а со телесни повреди се здобила сопатничката од истото возило Н.М.(56) од с.Дабиле и Н.Д. по што биле пренесени во Медицинскиот центар Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе, соопшти полицијата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата