Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ сепак нема да биде во составот на Хувентуд за денешниот дуел со Тенерифе во рамките на АЦБ-лига.

Според информациите од официјалната страница на шпанскиот тим, поради вирус нема да биде на располагање за ова тешко гостување.

Хувентуд е на 12. позиција на табелата со скор од 9-12, додека Тенерифе е на четвртата позиција со 13 победи и седум порази.