Норич го победи Лестер со 1:0 во првиот меч од 23. коло од Премиерлигата, и така ги оддалечи „лисиците“ од второто место на табелата.

Интересен беше мечот, со оглед дека Лестер поведе, но ВАР го поништи голот поради играње со рака. Затоа Луис во 70. минута постигна гол кој беше важечки, и со кој Норич успеа да слави триумф, и да донесе надеж во битката за опстанок во Премиерлигата.