ИМАМ ЈАС КОЛКУ ШТО МИ ТРЕБА, рече Заев откако Мицкоски му подари новчаник ЛУЈ ВИТОН (ФОТО+ВИДЕО)

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИМАМ ЈАС КОЛКУ ШТО МИ ТРЕБА, рече Заев откако Мицкоски му подари новчаник ЛУЈ ВИТОН (ФОТО+ВИДЕО)

Смешно и не се снајде Зоран Заев и призна дека има колку пто му треба нему и на неговите дома, откако Христијан Мицкоски му подари новчаник на крајот од емисијата Само вистина на К5

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на крајот од ТВ дуелот на Канал 5 на Зоран Заев му подари Луј  Витон паричник, како симболика на моменталната ситуација во која се наоѓа Македонија и граѓаните 

„Ова е само празен, не е полн паричник, но е ова е во духот на тоа во каква живее државата. Состојбата во која живее Македонија под вас, потенцираше Мицкоски 

Мицкоски истакна дека токму затоа народот на Заев нема да му прости на изборите на 12 април и ќе го казни за катастрофалната ситуација во кое ја доведе државата

- Луи Витон ташните доаѓаат од кај вас, се бранеше Заев. 

- Имам јас дома колку што ми треба и на мене и на моите, одговори Заев

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата