Заев: Казната што на овие избори ќе ја добие ВМРО-ДПМНЕ! Мицкоски: До каде е ветувањето за реконструкција на Кирил Пејчиновиќ во Тетово (ВИДЕО)

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев: Казната што на овие избори ќе ја добие ВМРО-ДПМНЕ! Мицкоски: До каде е ветувањето за реконструкција на Кирил Пејчиновиќ во Тетово (ВИДЕО)

Владата имаше ветување дека ќе направи многу. До каде е реновирањето на гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово, го праша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на СДСМ Зоран Заев на телевизискиот дуел на Канал 5. 
Заев на ова одговори дека нема одобрение за градба од министерството, затоа не е направена гимнизијата. Мицкоски го праша Заев дали лаже.

-Не се секирајте гимназијата ќе биде изградена, тоа го рекоа и градоначалничката и министерот за кој сега велите дека не дал одобрение. Кој лаже господине Заев, вие или градоначалничката и министерот. Таа кажа дека средствата ќе има нема да се користи за кампања ќе се изгради гимназијата, посочи Мицкоски.

Целиот демократски западен свет кон кој се стремиме го поздрави Договорот од Преспа, ЕУ, САД, ЕК. Господинот Туск беше само еден од многуте кој кажа дека тоа е вистинскиот пат. Не може никој да го манипулира народот повеќе и да прашува што добивме. Добивме реализација на нашите две стратешки цели. Ние денеска сме членка на НАТО, рече претседателот Зоран Заев во вечерашното ТВ соочување во емисијата „Само вистина” на Канал 5 Телевизија.

Сите цели ние ги остваривме, ние денеска сме членка на НАТО и светол пример во Европа, цел свет зборува со суперлативи. Колку побрзо ВМРО-ДПМНЕ ги научи овие лекции толку подобро. Казната што на овие избори ќе ја добие ВМРО-ДПМНЕ ќе му даде шанса да се реформира и европеизира, заврши Заев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата