Во Хрватска потврден трет случај на коронавирус

26.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Хрватска потврден трет случај на коронавирус

Во Риека, Хрватска потврден е трет случај на коронавирус, пренесуваат хрватските медиуми. Како што се наведува, се работи за маж кој работел во Италија, а сместен е во Риека.

„Од Клиниката за инфективни болести „Др. Фран Михајлевиќ“ во Загреб, потврден е трет случај на зараза со новиот коронавирус. Се работи за маж кој работел во Парма во Италија“ Сместен е во болница во Риека“ соопшти Управата за цивилна заштита.

Првиот заболен случај беше откриен вчера. Заразениот е 26-годишен маж, кој минатата недела три дена престојувал во Милано со девојката. Тој има благи симптоми и се наоѓа во изолација во Клиниката за инфективни болести во Загреб. Денеска беше откриено дека е заразен и неговиот брат близнак.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата