Наполи и Барселона одиграа 1:1 во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Италијанците стигнаа до предност со прекрасниот погодок на Дрис Мертенс кој всушност беше 121 погодок и со кој стана најдобар клупски стрелец во историјата.

Атмосферата ја расипа Антоан Гризман со голот во 57 минута од мечот. Неаполитанците направија неуспешна офсајд стапица, Семедо додаде до Французинот кој ја затресе мрежата за конечни 1:1.

Барса сега има предност поради голот во гости и тоа што ќе игра дома на реваншот, но Наполи не треба пред време да се отпише. Оваа екипа има капацитет да изненади.