Крилниот напаѓач на Ливерпул, Садио Мане, наводно е голема желба на Барселона. Шпанските меидуми пишуваат дека Каталонците се подготвени да ги соборат сите рекорди, само да го видат голгетерот на „црвените“ на „Камп Ноу“. За него, неспорно, интерес има и од Реал (М), но Барсе има подготвено неверојатна сума која ќе ги собори сите досегашни рекорди во светскиот фудбал.

Наводно, Барселона е подготвена да плати скоро 270 милиони евра за да го доведе Сенегалецот во својот тим ова лето. Досегашниот трансфер рекорд е оној на ПСЖ кога на Барселона и плати 222 милиони евра за Нејмар.

Британските медиуми тврдат дека Барса е сериозно заинтересирана за играчот кој се обидуваше да го донесе и во летото 2017 година. Иако е тешко да се замисли дека Ливерпул би го продал Мане, сепак, да се потсетиме дека Барселона веќе успеа да земе две големи ѕвезди од Ливерпул, како Суарез и Кутињо.