Тасевски до власта: Две нацртани овци да ви дадат ќе ви избегаат - НЕ КОРОНА, ВОШКИ ЌЕ НЕ ИЗЕДАТ КАЈ ДА Е

25.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тасевски до власта: Две нацртани овци да ви дадат ќе ви избегаат - НЕ КОРОНА, ВОШКИ ЌЕ НЕ ИЗЕДАТ КАЈ ДА Е

Она што загрижува најмногу не е корона вирусот, туку оној став на власта и здравствениот систем: Лако ќе мо ми то! А ваму, објективно, две нацртани овци да ви дадат ќе ви избегаат. Не може бре да ти доаѓаат луѓе од заразени подрачја, а вие да ги пуштате во државава само со проверка на пасошот и гаќите во куферот. Не може. Малоумни ли сте?, прашува актерот Сашо Тасевски на Фејсбук.

„Кина изгради цела болница за неколку месеци од две или три милијарди долари, ангажираше два милиони луѓе околу карантините и внатре, што војска што полиција, лекари, сестри и други. Знаете дека го стрелаат секој што ќе се обиде да го напушти карантинот без дозвола? Го стрелаат. Вариола Вера епидемијата во 1972 кога дошла во Југославија, читнете каков бил карантинот. Пиле не смеело да прелета. Војска и милиција вриело.“ вели Тасевски и додава:

„Вие дома ги пуштате без проверка. Карантин јок. Нас ќе не одмине стопосто. Каква корона. Лажни вести Се е овде лоша импровизација, ако воопшто ја има. Ние сме говеда без мозок што само се препуштаат на судбината. Инфантилни луѓе на чело на инфантилна држава. Затоа тонеме. Не корона, вошки ќе не изедат кај и да е.“ стои во статусот на Тасевски

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата