Претстојниот викенд стартува пролетниот дел во двете втори лиги. Кога сме кај истокот, веднаш дерби. Во Штип се среќаваат екипите на Брегалница и Кит Го, и двете имаат амбиции за највисок пласман. За разни прогнози, за тоа кој и како има шанси за влез во елитата, допрва ќе се расправа во пресрет на стартот на сезона. Сега е поважно да споменеме  дека Брегалница информираше дека и во пролетниот дел кога „сините“ ќе играат, ќе се игра во вечерен термин под рефлектори. Па така в сабота дербито меѓу Брегалница и Кит Го е закажано за во 17 часот. Се разбира дека и овој натпревар, како и сите есеноска кога играа штипјани, побудува голем интерес во градот под Исарот.