Кирк Даглас своето богатство од 60 милиони долари го подарил во хуманитарни цели

24.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кирк Даглас своето богатство од 60 милиони долари го подарил во хуманитарни цели

Познатиот актер Кирк Даглас кој неодамна почина на 103 годишна возраст, целото свое богатство во износ од 60 милиони долари го оставил во хуманитарни цели.

Кирк не оставил ништо на неговото семејство. Тој целиот живот беше познат хуманитарец, па не зачудува неговата одлука да ги подари неговите пари.

50 милиони ќе бидат распределени преку фондацијата Даглас, која ја основале Кирк и неговата сопруга Ен. Освен тоа, Кирк донирал пари и за Универзитетот Сент Лоренс, за Синајскиот храм во Лос Анџелес, за театарот Кирк Даглас и за Детската болница во Лос Анџелес.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата