(Видео) Кејти Пери се онесвести за време на снимање емисија

22.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Кејти Пери се онесвести за време на снимање емисија

Американската пејачка Кејти Пери се онесвести на снимањето на емисијата „Американски идол“ откако дошло до истекување на гас во објектот каде што се одвивала аудицијата.

Снимањето било прекинато.

Пред да се случи инцидентот, сите тројоца членови на жири комисијата, која освен Пери ја сочинуваат и кантри пејачот Лук Брајан и Лајонел Ричи, почувствувале чудни мириси на сетот.

„Ова не е шега, навистина се чувствува гас“, рекол Брајан.

„Лошо ми е, многу ми е лошо“, се слуша како вели Кејти.

Кога биле евакуирани, таа рекла: „Не се чувствувам добро“, по што се онесвестила.

Брзата помош пристигнла на местото и пејачката поминала без последици.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата