Мицкоски: Кога виделе каде одат Катица и Кичеец - престанале да ги снимаат. ТОА Е ВИД НА СЕМЕЈНА ПРОФЕСИЈА

22.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: Кога виделе каде одат Катица и Кичеец - престанале да ги снимаат. ТОА Е ВИД НА СЕМЕЈНА ПРОФЕСИЈА

Запрашан да ја коментира средбата на Катица Јанева со Зоран Заев во вила Водно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски детално се осврна на нивното другарство. 

- Јас не знам навистина што повеќе да коментираме за да ете таа тема некако навистина се затвори во насока на тоа како што треба да се затвори. Но, мислам дека не само на мене и на јавноста и е јасно дека господинот Зоран Заев и госпоѓата Катица Јанева другарувале во минатото и потезите и на Зоран Заев и на Катица Јанева се практично резултат на тоа другарство. Зошто тоа другарство и на кој начин престанало претпоставувам дека една од причините е и случајот „Рекет“. Од друга страна видовме дека господинот Зоран Заев другарувал и со сопственикот на медиумот, т.е. бил толку непосреден со него дури го советувал и го потпрашувал од каде му се средствата да го финансира тој медиум.

Од друга страна пак бил свесен за активностите на Меѓународниот сојуз кој што работел со локални бизнисмени во државава, а не гледам дека Зоран Заев е повикан во случајот „Рекет 2“ да сведочи за тој Меѓународен сојуз за да на крај тој самиот да признае дека ја помагале телевизијата на начин на кој ја помагале. И никој  во оваа држава не се одважи да го повика Зоран Заев да даде исказ што се случувало всушност

Она што е јасно не само не мене туку на јавноста дека јасно се гледа контурата на главата на октоподот.  Јас немам дилема како човек ниту пак претпоставувам некој во оваа држава има дилема кој е главата на октоподот.

Видовме дека дури и оние лица кои што располагале со тие пи мерки кога виделе каде се упатува госпоѓата Јанева престанале да снимаат. Видовме дека тие кои го снимале веќе осудениот Зоран Милески кога оди на средба и кога виделе со кого оди на средба престанале исто така да снимаат. Така да очигледно ова е еден вид семејна професија.

Како понатаму ќе заврши овој случај не е до нас политичарите, туку до судството  и обвинителството, ако заврши како  што треба јасно се знае каков треба да биде епилогот, ако не догодина не 106 на листа на Транспарентност Интернационал ќе бидеме 160. Да не ве чудат критиките зошто нема да бидеме наскоро земја членка на Европската Унија зошто 70% од граѓаните мислат дека државата оди во погрешна насока и зошто, како што кажа господинот имаме вистински „brain drain“ во вистинска смисла на зборот, не како што еден политичар тоа го употреби, туку ќе имаме одлив на мозоци од државава. И овие луѓе тука и останатите луѓе од реалниот сектор ќе имаат проблем како да растат во својот бизнис бидејќи луѓето разочарани заминуваат, а не само поединечно туку сега и со цели семејства.

Или во оваа државава ќе се стави крај на таквиот однос на политичарите или ние ќе продолжиме да тонеме во политичко мочуриште, се до моментот додека не не проголта оваа жива кал, а многу блиску сме до таа ситуација, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата