Аманда Мекејкен од Соединетите Амрикански Држави чекаше четири децении за да ја изгуби невиноста, а во меѓувреме излегуваше со над 100 мажи пред да најде еден за кој сметаше дека е достоен за односи со неа. Нејзината приказна има среќен крај.
Среќниот човек по име Дејв, ја запознал Аманда во бар додека таа уживала со пријателите. Еден месец подоцна парот се решил да стапне на лудиот камен и Аманда на својот профил на Инстаграм кратко после тоа објавила дека очекуваат дете.
„Она што следува е веројатно најдобрата објава за роденден што сум ја имала досега. Минатиот јули баба Велда ме праша кога Дејв и јас ќе се венчаме. "Можеби следниот јули", реков јас и нејзиниот одговор беше: "јули?! Можеше да имаш бебе до тогаш!" Драги пријатели, претпоставувам дека пророштвото на баба е исполнето. Очекуваме бебе кон крајот на јули или почетокот на август.“ вели Аманда
Не е изненадување што Аманда беше затечена во целата ситуација, особено затоа што таа помина толку време во потрага по љубов.
„Моите романси, кои траеја од една ноќ до една година, беа со мажи со различна возраст - од 15 години помлада до 15 години постари. Излегов со физичар, капетан на армијата, стриптизета, филозоф, професионален пејач, мировен преговарач, капетан на јахта, спортист, сликар, фармер, брза помош, министер, и доволно инженери за да основа комапанија“ изјави Аманда
„Сфатив дека заслужувам повеќе и дека не треба да се задоволам со трошки. Јас повеќе се вртам кон љубовта отколку да барам отфрлање. На крајот, се појави оној што можеше да ја прифати мојата љубов. И вреди да се чека - заклучи таа.