Уште некој ден ПРОЛЕТ, а потоа...

16.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уште некој ден ПРОЛЕТ, а потоа...

Сончево и топло време со пораст на дневната температура ќе преовладува уште два дена, а од среда се очекува зголемување на облачноста. Под влијание на нов влажен бран во четврток се најавуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре ќе преовладува сончево и ведро време со ниски утрински температури кои ќе се движат од -6 до -1 степен. Дневните температури ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 19 степени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата