Платите за вработените во рудникот „Саса“ зголемени за пет отсто

19.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Платите за вработените во рудникот „Саса“ зголемени за пет отсто

Менаџерскиот тим на рудникот за олово и цинк „Саса“ донесе одлука за ново зголемување на месечните примања на сите вработени за пет проценти, почнувајќи од 1 јануари оваа година.

Од компанијата велат дека со ова зголемување платите во рудникот „Саса“ ќе бидат и до 30 отсто повисоки од просечните плати во рударската индустрија во земјава.

Зголемувањето на платите на сите вработени во рудникот „Саса“ почна во април минатата година, кога раководството на компанијата ја објави динамиката по која ќе се одвива овој процес.

„Со најновата одлука за покачување на платите на сите вработени потврдуваме дека остануваме доследни на нашите ветувања и заложби за унапредување на благосостојбата и социјалната сигурност на сите вработени во ‘Саса’. И во оваа пригода можам да потврдам дека благосостојбата, заедно со безбедноста и здравјето на сите вработени остануваат наши највисоки приоритети во кои ние и понатаму ќе продолжиме да вложуваме“, изјави генералниот директор на рудникот „Саса“, Олег Телној.

Од компанијата истакнаа дека покрај во покачување и усогласување на платите по работни позиции, рудникот „Саса“ во изминатиов период направи и дополнителни вложувања во осовременување на системите за организиран превоз и исхрана на вработените, како и во останатите сегменти кои имаат влијание врз унапредувањето на вкупните услови за работа во рудничкиот компекс, наведуваат од компанијата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата