Атлетико не успеа да ги освои трите бода на гостувањето кај Валенсија во дербито на 24. коло на шпанската Ла Лига. Иако двапати беа во водство, мадриѓани на крајот добија само бод играјќи нерешено – 2:2.

Гостите по само 15 минути веќе обезбедија предност со голот на Маркос Љоренте.

Во возбудлив финиш на првото полувреме, Валенсија успеа да се врати со гол за израмнување во 40. минута преку Паулиста, но само три минути подоцна, мадриѓани и вторпат дојдоа до водство.

Овој пат во домашната мрежа топката ја спроведе Томас Партеј за предност на „јорганџиите“ од 2:1 по првиот дел.

Во второто полувреме Атлетико успеваше да ја одржи предноста се до 59. минута, кога Кондогбиа по асистенција на Парехо успеа да израми на 2:2.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore