Претседатели, кралеви, канцелари и Рафаел Надал: Трамп го поканил шпанскиот ас на гости

13.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претседатели, кралеви, канцелари и Рафаел Надал: Трамп го поканил шпанскиот ас на гости

Што и да мислете за Трамп, сепак е чест кога покана ќе стигне лично од претседателот на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп го поканил шпанскиот тенисер Рафаел Недал да му биде гостин во Белата куќа заедно со шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција.

Трамп оваа посета ја запишал за 21 април, но на таа дата вероватно нема да му одговара на Надал, бидејќи таа недела ќе се игра Мастерс во Монте Карло каде што Надал ќе биде главен фаворит за титула. Повод за посетата е желба да се зацврсанат врските и уверувањата дека САД и Шпанија се на иста страна кога станува збор за актуелните глобални предизвици .

Трамп кој е познат како некој кој следи спорт, пред две години зборувал нај пофално за шпанскиот тенисер кога рекол дека тој му е омилена личност од спортот.

- Знаете ли кој ми е омилен спортист. Рафаел Надал. Го сакам Надал, тоа е момче кое секогаш сака да победи. Тој е вистински шампион – рекол Трамп.

Засега не е познато дали Надал ќе ја прифати поканата бидејќи пристигнува во сред сезона на шљаци (тврд терен), а Шпанцот сака што подобро да се подготви за Ролан ГАрос на кој ќе се обиде да го изедначи рекордот на Роџер Федерер од 20 освоени Гренд слем титули.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата