ИСПОВЕД НА Дара Бубамара: Заедно го испивме последното кафе и ме испрати до аеродромот

18.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИСПОВЕД НА Дара Бубамара: Заедно го испивме последното кафе и ме испрати до аеродромот

Веста за загинувањето на Шабан Шаулиќ го потресе регионот како и целата балканска естрада, една од нив која емотивно ги сподели последните поминати мигови пред трагедијата е и Дара Бубамара.

-Шокирана сум, плачам, плачев цел ден…Вчера цел ден се смеевме, летавме заедно за Виена, пиевме кафе, ме испрати до влезот на аеродромот. Секогаш ми значеле убавите зборови од него, од таков пејач и човек каков што беше тој. Сите мигови кои ги поминавме заедно за мене се преубави емоции и секогаш ќе паметам како ме викаше „Бубице моја“! Не можам да поверувам дека ова се случи. Тажна сум и шокирана и бесна што животот е неправеден кон оној кој заслужува најдобро. Сочувство до семејството Шаулиќ, напиша Дара на својот Инстаграм профил.

Инаку Шабан Шаулиќ загина вчера во тешка сообраќајна несреќа во Германија откако во неговиот автомобил удрил пијан возач без дозвола.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата