Уапсен Косовец со фалц француска дозвола

18.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапсен Косовец со фалц француска дозвола

Полицијата уапсила Косовец со фалц француска дозвола. Како што информира МВР, вчера, во 10:45 часот, на Граничен премин Богородица, при гранични проверки било констатирано дека француската дозвола за привремен престој на лицето В.С.(30) од Косово е фалсификувана.

Тој бил задржан и лишен од слобода, по што бил предаден во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата