Медицинска сестра ги открива последните моменти од животот на Шабан

18.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Медицинска сестра ги открива последните моменти од животот на Шабан

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ почина по тешката сообраќајна несреќа во Германија.

Заедно со Шаулиќ, во возилото кое тргнало кон аеродромот биле и неговиот кум Слободан Стојадиновиќ и музичарот Мирсад Кериќ. СПоред неофицијални информации, тие после настапот во германскиот град Билефилд заминале во хотел, а од таму тргнале на пат за Дизелдорф некаде околу 4 часот наутро, каде требало да стигнат на летот за Белград.

-При судирот, На Шабан му пукнала срцевата аорта и во бесвесна ситуација е пренесен во болница. Таму веднаш бил дочекан од тим на лекари кои се бореле за неговиот живот, вели низ солзи неговиот кум Стојадиновиќ, кој додава дека ништо не ја насетувало ваквата трагедија.

Кога Шабан стигнал во болницата, една од медицинските сестри за која набрзо се дознало дека е од просториите на поранешна Југославија, веднаш го препознала пејачот и вриснала.

-Луѓе, овој човек е најголема ѕвезда во Србија!, викнала кон докторите, меѓутоа стручниот тим, иако дал се од себе, за жал не успеал да му го спаси животот.

Триесет и четиригодишнот возач на автомобилот кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина Шабан Шаулиќ помина само со лесни повреди на рамената, пренесуваат германските медиуми.

Лекарите сè уште се борат за животот на Мирсад Кериќ, музичарот кој управуваше со автомобилот во кој беше Шаулиќ. Тешко повреден е и кумот на пејачот, Слободан Бобан Стојадиновиќ, но тој е во стабилна состојба.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата