ФОТО: СПОРТМЕДИА

Работнички во својата прва пријателска средба во Анталија, во меч кој заврши предмалку, одигра 1:1 против Пирин Благоевград, тим од Бугарија. „Романтичарите“ водеа до 83.минута со 1:0, но бугарскиот тим сепак се извлече од пораз.

Работнички дојде во водство во 45+2 минута, кога најпрво од слободен удар Херера шутираше од 18 метри, голманот а Пирин ја одби топката, во мешаницата најприсебен беше Давид Тошевски и стрелаше во мрежата. Претходно Херера во  28.минута од пенал го промаши целиот гол, а во 45 минута Петковски имаше зицер кој не успеа да го реализира.

Пирин израмни во 83. минута за конечни 1:1.

Инаку тренерот Ратко Достаниќ мечот го започна со следните единаесет: Јанков, Велковски, Јенбеноу, Силјановски, Херера, Стојков, Јефтоски, Тодоровски, Шаркоски, Петковски, Д. Тошевски. Во вториот дел играа и Шишковски, Николовски, Трајковиќ, Пановски, Станковски, Вецевски, М. Тошевски, Максимов.

Да споменеме дека во второто полувреме за тимот на Пирин Благоевград настапи и некогашниот „романтичар“ Марјан Алтипармаковски.