Легендата Џери Вест беше еден од гостите на ТНТ во емисијата посветена за Коби Брајант.

Шекил О’Нил беше посебно емотивен кога зборуваше за својот некогашен соиграч, поинаков не беше ниту кошаркарот кој стои на логото на НБА-лигата, кое наскоро може да добие нов лик. Во моментов повеќе од два милиони луѓе ширум светот потпишаа петиција за ново лого со ликот на Коби.

Вест ја откри долго чуваната тајна од 2004 година. Коби бил на чекор да замине од Лејкерс и да потпише за Клиперс.

„Се сеќавам дека беше на чекор да ги напушти Лејкерс, претходно ова на никого не го кажуваше. Сакаше да оди во Клиперс. Му реков: „Коби не смееш да го направиш тоа. Беше лут на сите, на газдата…. Му реков: Под кои услови можеш да играше за Клиперси, не може да одиш кај тој сопственик и точка“, откри Вест.

Коби во 2007 година за малку ќе потпишеше договор со Детроит, но одлучи да ја активира клузулата според која може да одби размена.

На крајот тој остана во Лејкерс до крајот на својата кариера и свои пет шампионски прстени.