Милан беше на прагот на уште еден срам, испаѓање од Купот меѓутоа се спаси и избори продолженија во кои го реши мечот со Торино во своја корист (4:2). „Росонерите“ водеа со голот на Бонавентура во 12 минута на асистенција на Ребиќ но изедначи Бремер во 34. минута. Во второто полувреме Бремер повторно погоди за водство на „биковите“ кои беа на прагот да го победат миланскиот тим но не успеаја. Во 91 минута Чаланоглу распали од далечина топката закачи некого од одбраната на Торино и го измами голманот.

Тој погодок донесе продолженија, а во 106 минута одново Чаланоглу на сцена. Турскиот интернационалец истрча во напад и од косо со силен шут го совлада Сиригу. Во следната минута нова акција на Милан која во гол ја претвори Ибрахимовиќ за конечен резултат 4:2 и место во полуфиналето.

А во него Милан ќе има многу посериозен противник – актуелниот шампион Јувентус.