Садио Мане со сигурност ќе ги пропушти следните два меча за Ливерпул, откако заработи истегнување на мускул на мечот со Вулверхемптон минатиот четврток. Според информациите од „црвените“, Клоп сигурно нема да смета на голгетерот на дуелот со Вест Хем Јунајтед утре, а исто така тој нема да биде ниту на списокот на фудбалери за викенд дуелот со Саутемптон на „Енфилд“.

Денеска се чекаа резултатите од сеопфатните прегледи и тестирања, пред да се знае точната дијагноза и периодот за рехабилитација. Некои шпекулации велат дека Мане ќе биде надвор од терените до 3 недели.