Со победа од 2:1 на домашен терен изборена со гол во 93. минута, фудбалерите на Астон Вила обезбедија пласман во големото финале на Лига Купот на Англија.

По ремито (1:1) на гостувањето кај Лестер, Астон Вила ја искористи домашната предност и дојде до резултат кој им обезбеди место во големото финале на „Вембли“. Домашните поведоа со голот на Таргет во 12. минута на средбата и ја задржаа предноста по првите 45 минути.

 

Гостите се трудеа да се изборат за израмнување и тоа им појде од рака во 72. минута кога Ихеначо погоди за 1:1.

 

Кога се чинеше дека и овој меч ќе заврши со идентичен резултат како и првиот на „Кинг Пауер“, Трезеге распали во 93. минута и ја однесе Астон Вила до големото финале, каде го чека подобриот од градската пресметка меѓу Манчестер Сити и Манчестер Ј.