Лидс беше на прагот на нов колапс, но се крена и победи во дуелот со Милвол во рамките на Чемпионшип. Јоркширскиот тим кој се бори за пласман во Премиер лигата губеше по првите 23 минути, а и на полувреме се отиде со тој резултат.

Марсело Биелса имаше многу работи да им каже на своите фудбалери на паузата, а во второто полувреме работите се сменија од корен. Домашните заиграа фуриозно и од 48 до 67 минута направија комплетен пресврт. Патрик Бамфорд постигна два гола, а еден Хернандез.

Македонскиот репрезентативец Џани Алиоски го одигра целиот меч.

За Лидс ова беше 16-та победа но и прекин на серијата од два порази по ред, а благодарение на поразот на ВБА вечерва од Кардиф, белите се вратија на првото место на табелата.

Standings provided by Sofascore LiveScore