Норвежанецот Хенрик Кристоферсен имаше среќа на вечерашниот слалом одржан во Шладминг, Австрија. Тој победи со време од 1:42.37. Норвешкиот скијач беше втор после првото возење и кога го заврши второто се беше во рацете на водечкиот Марко Шварц кој имаше предност од 14 стотинки.

Сепак, Австриецот направи голема грешка на петтата капија и беше дисквалификуван, па Норвежанецот го зазеде првото место.

Втор заврши Алексис Пентиро со 34 стотинки послабо време, а трет Даниел Јуле со 83 стотинки послабо време од тоа на победникот.

Кристоферсен ја впиша 21. победа во кариерата, 17-та во слалом и четврта во Шладминг.