ДРАМА! ЕВАКУИРАН трговски центар заради ДОЈАВА ЗА ПОСТАВЕНА БОМБА

28.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДРАМА! ЕВАКУИРАН трговски центар заради ДОЈАВА ЗА ПОСТАВЕНА БОМБА

Драма се случуваше во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, откако трговски центар беше евакуиран заради дојава за поставена бомба.

Полицијата на Босна и Херцеговина брзо реагирала на повикот и веднаш излегла на терен и го евакуирале трговскиот центар ФИС во сараевската населба Халиловиќи.

Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево соопшти дека информацијата за дојавата е добиена околу 12 часот, а веднаш потоа патролите биле испратени на местото на настанот, јавува сараевоскиот портал Кликс.

Полицијата во моментов врши увид на местото на настанот

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата