Што порача Влатко Лозановски кога ја прими наградата (ВИДЕО)

28.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Што порача Влатко Лозановски кога ја прими наградата (ВИДЕО)

На спектакуларната музичка церемонија МАC 2020, што се одржа во Белград, Влатко Лозановски ја освои наградата за најдобра поп-фолк нумера, за нумерата „Мајко“. Влатко победи во силна конкуренција, меѓу номинираните беа Тропико бенд, Наташа Беквалац, Антонија Шола, Илма Карахмет и Лексингтон бенд.

Влатко им се заблагодари на  сите што гласаа за него. И имаше посебна порака кога му ја доделија наградата. Дека не е од Северна, туку од Македонија 

Претходно, Канал 5 соопшти дека се избориле кај организаторите на манифестацијата Music Award Ceremony (МАC) што се одржа вечерва во Белград да ја употребуваат именката Македонија за нашата земја, наместо Северна Македонија.

На барање на менаџментот на оваа телевизија, организаторите прифатиле да ја именуваат нашата земја како Македонија, а не како Северна Македонија. Убав и поучен потег на менаџментот на Канал 5, соопшти телевизијата.

На кого ќе му се извини Канал 5 сега?

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата