Навивачката група на Шкендија таканаречените „Балисти“ се одлучија кого ќе поддржат на дуелот од полуфиналето на Лигата на нациите помеѓу Македонија и Косово што ќе се одигра на 26 март на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје. За разлика од навивачката група „Шверцери“, поддржувачи на фудбалскиот клуб Шкупи, кои се изјаснија дека нема организирано да навиваат за Косово, туку секој поединец фан на чаирскиот клуб може да оди и да си навива за кого сака, навивачите на Шкендија на Твитер се пофалија дека ќе навиваат за Косово на дуелот со Македонија.