Tрамп утре ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

27.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Tрамп утре ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Белата куќа утре напладне ќе го објави долгоочекуваниот мировен план за Блискиот Исток.

Трамп ова го изјави пред новинарите за време на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа.

Американскиот претседател рече дека на палестинците би требало да им се допадне планот и смета дека е добар за нив, пренесе „Ројтерс“.

Трамп треба да се сретне и со ривалот на Нетанјаху, лидерот на партијата Сино и бело, Бени Ганц.

Белата куќа се надева дека доколку планот биде поддржан и од Нетанјаху и од Ганц, Трамп ќе помогне да се постигне одреден напредок.

Како што се наведува, планот на Трамп е резултат на тригодишните напори на високите советници Џааред Кушнер и Ави Берковиз, како и Џејсон Гринблат.

Предлогот е напишан на повеќе од 50 страници и има за цел да го реши најтешкиот проблем на Блискиот исток.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата