Премиерот Џонсон: За врвни научници ќе издаваме визи по забрзана постапка

27.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Премиерот Џонсон: За врвни научници ќе издаваме визи по забрзана постапка

Велика Британија ќе започне со издавање визи по забрзана постапка за водечките научници и истражувачи следниот месец кога ќе ја напушти Европската Унија, рече премиерот Борис Џонсон.

Велика Британија ја напушта Европската Унија на 31 јануари.

„Додека ја напуштаме ЕУ, сакам да испратам порака дека Велика Британија е отворена за најталентираните умови во светот и е подготвена да ги поддржи за да ги претворат нивните идеи во реалност“,стои во соопштението на Борис Џонсон.

Од 20 февруари ќе се забрза постапката на добивање виза за научници и истражувачи, ако добијат препорака од британските институции. Нема ограничување на бројот на визи што може да се издадат за „глобални таленти“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата