Сириска агенција тврди дека бунтовниците планираат да исценираат хемиски напад

27.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сириска агенција тврди дека бунтовниците планираат да исценираат хемиски напад

Терористички групи активни во северна Сирија планираат да исцнериаат напад со хемиско оружје за да го запрат напредувањето на сириската армија, објави денеска Сириската арапска новинска агенција (САНА).

Според агенцијата, терористите и „турските платеници“ ги почнале подготовките за сценирање лажен напад со хемиско оружје врз цивили во западниот дел на провинцијата Алепо.

САНА додаде дека милитантите ќе се обидат да го привлечат вниманието на меѓународната заедница кон инцидентот за да го запрат напредувањето на сириската армија.

Во неделата, сириските трупи извршија офанзива, преземајќи ја контролата врз важните височини јужно од градот Алепо. Војниците сега ќе можат да се движат кон населбата Кан Туман, лоцирана покрај автопатот што ги поврзува Алепо и Дамаск, кој е под контрола на вооружената група Џабат ал-Нусра.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата