(Видео) Били Ајлиш триумфираше на Греми наградите

27.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Били Ајлиш триумфираше на Греми наградите

Во Стејплс центарот во Лос Анџелес синоќа беа доделени наградите „Греми“, а младата музичка ѕвезда Били Ајлиш (18) триумфираше освојувајќи пет награди, меѓу кои и наградата за најдобар нов артист и за песна на годината за „Bad guy“.

Таа освои награда и за најдобар албум на годината за својот дебитантски албум „When We All Fall Asleep, Where Do We Go“. Нејзиниот постар брат, Фанајас О’ Конел, исто така доби награда за продуцент на годината за својата работа на нејзиниот албум, кој е снимен во нивната семејна куќа.

За спот на годината наградата ја доби Лил Нас Икс за песната „Old Town Road“, како и наградата за најдобро поп дуо или групен настан, заедно со Били Реј Сајрус.

Пејачката Лизо освои три наради, меѓу кои за најдобра соло изведба за хитот „Truth Hurts“.

Церемонијата почна со една минута молк во знак на почит кон НБА-ѕведата Коби Брајант, кој неколку часа пред почетокот на настанот загина во хеликоптерска несреќа.

Церемонијата ја водеа Лизо и Алиша Кис.

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, доби Греми за аудиокнигата „Becoming“, а кантри-пејачката Тања Такер доби Греми за најдобар кантри-албум „While I’m Livin“ и за најдобра кантри-песна „Bring My Flowers Now“.

Греми наградата за најдобра компилација за визуелни медиуми ја освои песната „Shallow“ на Лејди Гага и Бредли Купер.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата