Нова естрадна во*на меѓу Цеца и Мира?! Кој би рекол? “Не ми се јави и кога почина мајками“

26.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нова естрадна во*на меѓу Цеца и Мира?! Кој би рекол? “Не ми се јави и кога почина мајками“

Некогаш биле како едно

Некогаш најдобри пријателки Мира Шкориќ и Цеца Ражнатовиќ повеќе од две години немаат никаков контакт, но за тоа ни едната ни другата не зборувале јавно, се до сега.

Мира, која со учество во шоуто “Твоје лице звучи познато“ се вратила на сцена после најтешкиот период во животот, бидејќи пред половина година и починала мајкаи, решила да прозборе за односот со бившата пријателка. Она што најмногу ја изненадило е тоа што Цеца, и покрај тоа што немаат контакт, не ја побарала да и изрази сочуство

- Точно е дека Цеца не ми изрази сочуство. Не ме повика, нити ми прати порака. Покрај кралица на сите времиња Зорица Брунцлинк, прв пат ќе откријам дека Јелена Карлеуша во тие тешки моменти беше со мене и можеби пред сите ми изјави сочуство. Цеца тоа не го стори. Секако, на никого не му замерувам. Секој има свои причини, но вистина е дека не ме повика – вели Мира.

Таа истакнува дека нема намера прва да и се јави на Ражнатовиќ.

- Пукаат бракови после 40 години, а не едно пријателство. Не постои шанса јас прва да и се јавам. За разлика од другите, имам свој став за тоа и зошто да бидам нешто што не сум. Тоа што е меѓу нас веќе не е ни важно. Јас со не не сум во кавга, едноставно не комуницираме, не се дружиме. Еве, преполовете едно јаболко, па потоа обидетесе да ја составете. Не би изнесувала причина бидејќи таа и не постои, едноставно дојде до прекин на комуникација – завршила Мира.

Цеца не се огласила по овој повод.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата