ТАА Е НЕГОВО БОГАТСТВО! Дино Мерлин има скромна и успешна ќерка, ЕВЕ СО ШТО СЕ ЗАНИМАВА (ФОТО)

26.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТАА Е НЕГОВО БОГАТСТВО! Дино Мерлин има скромна и успешна ќерка, ЕВЕ СО ШТО СЕ ЗАНИМАВА (ФОТО)

Наида, ќерката на Дино Мерлин и круна на неговата љубов со Амела, е исклучително успешна и вредна девојка.

Со својата музика, Дино Мерлин ги допре срцата на многумина и стана една од најпопуларните пејачи во регионот, а неговата љубовна приказна со сопругата Амела е посебна, трае 29 години, а самиот Дино во повеќе наврати истакна дека тоа било љубов на прв поглед.

Сепак, не беше сè идилично од самиот почеток, со оглед дека родителите на Амела се спротивставија на нивната врска затоа што тој беше сиромашен и сметаа дека е без перспектива. На крајот на краиштата, нивната љубов и упорност победија, покажаа дека не погрешија и тоа го покажуваат веќе три децении.

Дино и неговата сопруга Амела Дино имаат две деца, Хамза и Наида Дервишалидовиќ.

Бидејќи тие не се дел од светот на естрадата и не се стремат да станат популарни, нивните фотографии од јавни настани се скоро невозможни да се најдат.

Наида Дервишалидовиќ е фокусирана на информатичи науки и меѓународна кариера, а може да се пофали со завршени постдипломски студии на Оксфорд, Велика Британија.

Дино Мерлин ретко зборува за своите деца и нивните успеси, но во една прилика тој истакна дека Наида не е заинтересирана за материјални работи и дека приземна и вредна девојка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата