Нов земјотрес во Турција

25.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов земјотрес во Турција

Земјотрес со јачина од 5,1 степен по рихтеровата скала ја погоди провинцијата Елазиг во источниот дел на Турција. Според податоците, епицентарот на земјотресот се наоѓа на длабочина од околу седум километри.

Засега нема информации за потенцијални жртви и материјална штета.

Ова е втор земјотрес за помалку од 24 часа во Турција, откако вчера земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала исто така ја погоди оваа провинција.

Потресот се почувствувал и во соседните земји – Сирија, Либан и Иран. Во земјотресот загинаа 22 луѓе.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата