Заев за информациите на „Ла Верита“: АКО ИМАА ДОКАЗИ ЌЕ МЕ ОСУДЕА, ТОА БЕШЕ ПРИТИСОК

25.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев за информациите на „Ла Верита“: АКО ИМАА ДОКАЗИ ЌЕ МЕ ОСУДЕА, ТОА БЕШЕ ПРИТИСОК

За информациите кои на италијанскиот весник „Ла верита“ ги објави за учество во изборни нерегуларности во 2014 година, екс премиерот Зоран Заев вели дека тоа било една од алатките за атакување на опозиционерот Заев во тоа време кога, како што рече, не ги признале изборите.

„Ако имале какви било докази, верувајте во 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ, Заев ќе го осуделе. Значи тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше. Таму каде што се трудеа тоа да го претстават пред јавноста еве до крај со обвинителни акти за поткуп, за сите тие други предмети што ги водеа против мене, како што беше прислушувањето и слично, овде немаа ништо, беше една фама што ја создаваа се со цел да се оцрни тогаш лидерот на опозицијата Заев, а никако не можеа ниту да заокружат што било, каков било наратив да поднесат дури обвинение”, изјави Заев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата