Бев на Палео диета, но немаше резултати СЕ ДОДЕКА НЕ ОТКРИВ ШТО Е ПРОБЛЕМОТ

25.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бев на Палео диета, но немаше резултати СЕ ДОДЕКА НЕ ОТКРИВ ШТО Е ПРОБЛЕМОТ

Пица и пиво за мене се идеал на животот. Но, јас сум висока метар и седумдесет, а носам конфекциски број 42. Сфатив дека нешто морам да преземам.

„Врвот се достигна кога купував пантолони.“, пишува блогерката Алисон Бери, а ова е нејзината приказна.

Ги зедов пантолоните со број 42 и немаше проблем да се вовлечам во нив. Пицата и пивото си го направија своето. Очајно, се свртев кон палео диетата 30 дена. Ова значи дека нема млечни производи, житарки, соја или мешунки. Нема ниту алкохол, шеќер, ниту вештачки засладувачи. Еве што сфатив во тие 30 дена.

Палео не мора да значи и губење на тежината. Интернетот е полн со предлози за палео десерти. Технички, ова се вклопува во палео диетата затоа што тие се состојат од кокосов шеќер и јаворов сируп. Калорискиот внес не е намален, па килограмите дефинитивно нема да исчезнат.

Вие самите ги одредувате порциите.  Колку и да не сакамме, поентата на диетата е да се ограничите. Нема ограничувања во палео диетата и со тоа е загарантирано дека ќе го надминете калорискиот лимит што ве одделува од помала облека.

Никаде на Интернет не најдов јасно правило за и против алкохол. Некои велат дека е добро, некои велат дека треба да се намали. Па, јас постојано го пиев. Притоа, се повредив себеси затоа што храната навистина ме привлече, имав повеќе енергија и не ме мачеше постојана болка во стомакот. Сепак, сè уште бев надуена и не можев да разберам зошто. Тогаш сфатив - алкохол.

Потребата за брза храна престана.  Јас навистина обожавам пица. Но, за десет дена целосно изгубив интерес за неа и за многу други нездрави работи. Ги видов резултатите многу брзо

Откако сфатив дека не ми е многу паметно да пијам алкохол, го исфрлив и во рок од 4 дена ја видов разликата. За 10 дена, сите околу мене ја видоа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата