ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА! Човекот кој си го одзеде животот пред Парламентот ОСТАВИЛ ПРОШТАЛНО ПИСМО

23.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА! Човекот кој си го одзеде животот пред Парламентот ОСТАВИЛ ПРОШТАЛНО ПИСМО

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград  го идентификувале човекот кој си го одзеде животот во центарот на Белград денес околу 18,40 часот. Станува збор за Властимир Шевер  роден 1978 од Стара Пазова.

Покрај него полицијата пронашла и проштално писмо во кое ги навел приватните проблеми како причини за самоубиството.

Според српските медиуми Шевер бил приватен претприемач и во Стара Пазова имала регистрирана компанија за производство на метални производи. Тој исто така во повеќе наврати извршувал кривични дела особено во економскиот и криминал поврзан со имот.

Во средината на 2017 година, во заедничка акција помеѓу Министерството за внатрешни работи и даночната полиција, тој бил уапсен заедно со јавниот извршител за затајување данок и злоупотреба на службената должност.

Неофицијално, јавната извршителка префрлала пари во име на фиктивни правни работи на адвокатите и фирмите, кои потоа се собрале во кеш и предавале на Шевер, додека тој за себе чувал дел од парите, а најголемиот дел ги враќал назад кај извршителката.

Некое време се криел во околината на Блеград бидејќи бил во бегство заради долгови, а потоа отворил агенција за регистрација и за рент а кар во Стара Пазова преку која измамил голем број лица по што повторно се пуштил во бегство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата