По пристигнувањето во Штутгарт, се погласни се шпекулациите дека Дарко Чурлинов нема да игра во нападот, туку е планиран да игра на левата страна од теренот.

„Тој е многу борбен играч, може да игра и во офанзива и во дефанзива“, истакна спортскиот директор Свен Мислитат по ангажманот на македонскиот репрезентативец.

Инаку медиуми добро упатени во тимот на Штутгарт пишуваат дека Чурлинов дури би можел да добие и дефанзивни задачи, односно да игра на левата страна во петорката на средината на теренот, а тоа би значело дека би требало и да помага во дефанзивата на својот тим во одредени моменти.