„Танјуг“: Во февруари ЕУ ќе ја претстави новата методологија за проширување

23.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Танјуг“: Во февруари ЕУ ќе ја претстави новата методологија за проширување

Европската Комисија би требала предлогот за новата методологија во процесот на пристапување кон ЕУ да го претстави на 5 февруари, дознава српската новинска агенција „Танјуг“ од Брисел.

„Не сакаме да го менуваме проширувањето, туку да го унапредиме процесот“, изјави портпаролката на ЕК, Ана Писонеро која вели дека новата методологија ќе биде претставена многу брзо.

Според извори од ЕУ, станува збор за концизен документ со конкретни предлози за модернизација и подобра ефикасност на процесот на пристапување без промена на самата политика за проширувањето на ЕУ, пренесува српската новинска агенција.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата