Украина сака Германија да управува со нејзините железници во рок од 10 години

23.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украина сака Германија да управува со нејзините железници во рок од 10 години

Украина планира своите железници да ги отстапи на „Дојче Бан“ на десетгодишно управување, изјави денеска украинскиот премиер Алексеј Гончарук за време на настанот именуван „украинскиот појадок“ во Давос.

„Да, сакаме да и дадеме на Германија контрола над железницата во период од 10 години“, рече Гончарук, а пренесува хрватски „Индекс“.

Претходно, украинското Министерство за инфраструктура потпиша меморандум за разбирање со германскиот железнички превозник „Дојче Бан“.

Премиерот тогаш рече дека станува збор за логично продолжување на планот за реструктукција на украинските железници, кој претседателот Володимир Зеленски го најави минатиот септември.

Гончарук истакна дека во овој случај не станува збор за изнајмување или продажба на украинските железници.

 

 

 

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата